Божиќни колачиња со чоколаден крем и лешници
Состојки
- 2 јајца
- 330 г какао крем (нутела или друг убав крем)
- 50 г шеќер
- половина лажиче ванилин екстракт
- 200 г брашно
- 1 лажиче пециво
- 1/2 лажиче цимет
- по 1/4 лажиче морско оревче и каранфилче
- 100 г потпечени кршени лешници
Подготовка
Овој тип на распукани колачиња ми се задолжителни на трпезата за поголеми празници и стално ги модифицирам, ама вкусот на чоколадо и потпечен лешник се задолжителни. Јас не сум голем љубител на десерти, ама кога ќе пробам од овие, не знам за доста.
Подготовка
Сите состојки ставете ги во вангла и изматете со миксер да се соединат. Ставете ја ванглата во замрзнувач околу 40 минути.
Потоа од тестото земајте со раката и формирајте бомбици.
Редете ги на плех обложен со хартија за печење, оставајте место меѓу бомбиците зашто нарастуваат и плус се шират.
Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени 10 минути. Кога ќе ги извадите ќе бидат меки, но наскоро ќе се стврднат. Од оваа доза ќе добиете околу 35 колачиња и ќе треба да ги печете во 2 тури.
Чувајте ги во лимена кутија.
На здравје.