Чоколадна Лешник Кралица
Состојки
- Пандишпан
- 14 Белки
- 11 г.л. Шеќер
- 100 гр Лешници (мелени)
- 2 г.л. Брашно
- 2 г.л. Какао
- 6 г.л. Презла
- 1 Пециво
- Чоколаден Фил
- 14 Жолчки
- 11 г.л. Шеќер
- 200 гр Чоколадо (со висок процент на какао) или Млечно Чоколадо (со сецкани лешници)
- 250 гр Путер
- За декорација - Шлаг Крем од чоколадо - 180 гр (плус 300 мл ладно млеко)
Подготовка
Идеална за вашата празнична трпеза без разлика на поводот.
Подготовка на филот.
- Во длабок сад ги миксираме жолчките до згуснување заедно со шеќерот. Потоа продолжуваме со миксирање, но сега продолжуваме на пареа, околу 20-на минути. Смесата ќе се згусне. Сега го додаваме чоколадото искршено на коцкички, нека се растопи и тргаме настрана. Префрламе во друг сад и покриваме со стреч фолија до изладување на собна температура.
- Посебно го миксираме пенасто путерот, па го додаваме лажица по лажица кај изладениот фил, истовремено миксирајќи се до хомогенизирање на состојките. Филот е готов, може и веднаш да се филува, но подобро е да го оставиме барем 1 час во фрижидер да се стегне делумно пред да филуваме.
Подготовка на пандишпанот
- Во длабок сад ги миксираме белките со постепено додавање на шеќерот се до нивно згуснување.
- Потоа ги додаваме претходно соединети останатите наведени состојки. Соединуваме со шпатула или рачна маталка, со нежни движења. Оваа смеса ја истураме во голем плех врз хартија за печење.
- Печеме во загреана рерна на 180 степени (проверуваме со чачкалица).
- На испечениот пандишпан внимателно му ја одстрануваме хартијата, го покриваме со чаршафче, нека излади , па се сече на 3 дела во должина. Филуваме со изладениот фил (кој го делиме на 3 дела).
- Филуваната торта нека одстои во фрижидер, па ја декорираме по желба. Јас ја декорирав со чоколаден шлаг крем, кој го изматив со помала количина на млеко, односно наместо 360 мл, ставив 300 мл млеко.
Забелешка - Хартија за печење ставаме само на дното, не и од страните, се со цел убаво да се залепи пандишпанот при печењето и да добиеме рамномерни ленти при сечењето.
На здравје!