Сочен Печен Ослич (во ќеса за печење)
Состојки
- 1,5 кг Ослич
- за поховање
- 3-4 г.л. Царевно брашно (плус сол, мешан зачин, црвен пипер)
- Плус - 1 Ќеса за печење
Подготовка
Верувам дека одкога ќе го пробате овој начин на припрема на осличот, ќе го обожавате истиот, бидејќи рибата буквално се распаѓа, припремата е едноставна и брза, без употреба на голема количина на масло како кога ја пржиме оваа риба.
Подготовка
- Рибата ја одмрзнуваме сосема малку, доволно за да може да и ја излупиме кожата со остар нож. Потоа ја сечеме на 2 или 3 парчиња (во зависност од големината на парчињата). Секое парче го посолуваме и ги оставаме на собна температура да се одмрзнат потполно.
- Потоа секое парче го бришеме со кујнски бришач или кујнаска крпа, па ги увалуваме во мешавината за поховање.
- Така подготвените парчиња ги редиме во ќесата за печење (намрсена со масло) и ќесата за заврзуваме. Оваа ќеса ја ставаме во плех за печење.
- Печеме во загреана рерна на 220 степени (погледнете на паковањето од ќесите што ќе ги користите до која температура максимално може да се користат) до заруменување.
- Откако ќе се испечи рибата, веднаш го кинеме ќесето, внимавајќи да не се изгориме од пареата.
- Послужуваме топло.
На здравје!