Топло чоколадо со марципан
Состојки
- 100 гр марципан
- 450 мл млеко
- 5 големи лажици какао
- 60 гр темно чоколадо со 80% какао
- 1 лажица кафеав шеќер ( опционално според тоа колку сакате благо)
- 3 лажици густин
Подготовка
Откако пробав топло чоколадо со марципан во еден познат ресторан во Будимпешта пред неколку недели, за мене како љубител на марципан е нов зимски хит. Марципан и чоколадо, покрај камин и снег.....
Во тенџере на оган на средна темература го ставаме марципанот ( мојот беше во форма на топчиња), го пасираме со вираме со виљушка и во него додаваме 100 мл од млекото. Мешаме постојано да се растопи марципанот. Откако ќе се растопи марципанот го додаваме преостанатото млеко и какаото, мешаме додека не се растопи какаото. Откако ќе се загрее смесата го додаваме кафеавиот шеќер и темното чоколадо искршено на коцки. Мепаме постојано за да не ни загори смесата.
Во мала чинија го ставаме густинот и во него додаваме неколку лажици од загреаната смеса. Со жица за матење мешаме додека не се растопи густинот и нема грутки. Растворениот густин го додаваме во преостаната смеса и постојано мешаме додека не се згусни. По потреба намалете ја температурата. Послужуваме по желба со мачмалоу.
• Доколку ви се создадат грутки, целата смеса изблендирајте ја со рачен блендер и внимателно вратете ја на оган додека не добиете погуста смеса