Здрав Чоколаден Десерт
Состојки
- 300 мл Овесно Млеко (или по избор)
- 200 гр Темно Чоколадо
- 180 гр Овесни снегулки (грубо сецкани)
Подготовка
Лесно, вкусно, здраво.
- Во касерола на умерена температура го ставаме млекото да се стопли, па го додаваме и чоколадото, мешаме да се растопи.
- Тргаме настрана и ги додаваме овесните снегулки - соединуваме.
- Оваа смеса ја распоредуваме во калапи по желба (јас во калапчиња за мини тарт) во кои имаме ставено стреч фолија.
- Оставаме во фрижидер од вечер да одстои, и сабајлината имаме спремен здрав десерт за уживање.
- Јас одозгора ставив кокос, но тоа не е задолжително - по вкус.
Забелешка - Оваа доза е за 4 порции како на сликата.
На здравје!