Бомбици со 3 вида јаткасти плодови
Состојки
- 100гр мелени бисквити
- 100гр мелени лешници
- 100гр мелени бадеми
- 100гр мелени ореви
- 50гр кокос и уште 50гр. за валкање
- 100мл растопен путер
- 1/2 зрела банана (по вкус )
Подготовка
Бомбиците како највкусни мали десертчиња, ги имав во повеќе вкусови на мојата трпеза.Денес ќе ги прикажам овие со 3 вида јаткасти плодови.
Ги сомелив леѓниците, бадемите и оревите.
Ги сомелив и бисквитите.
Користев од благите бисквити, па затоа не додадов шеќер.
Доставив и кокос, па со растопен путер замесив смеса.
Ќе видите како ќе ви биде смесата за работа, ако ви е суво,додајте половина зрела банана.Замесете смеса и вадете топчиеа.
Прпелкајте ги низ раце за да ја добиете формата, а потоа неѓно поминете ги во кокос.
Оставете да се изладат и служете.
Нека ви е слатко.
Среќна нова година, среќни празници.