Бадникови Ровки Колачиња (посно)
Состојки
- 250 гр Маргарин (на собна температура)
- 1 чаша (од 200мл) Моркови (ситно рендани) - или 100 гр (мерени рендани)
- 300-320 гр Брашно (просеано)
- пола Пециво
- За полнење - Мармалад по вкус (поцврст)
- За посипување - Шеќер во прав.
Подготовка
За овој рецепт потребни ви се малку состојки, а како резултат ќе ги добиете овие колачиња за кој верувам дека никој нема да го остават рамнодушен. Превкусни и ровки, се топат во уста, благодарение на морковот кој им ја дава таа сочност. Па затоа топло ви ги препорачувам да ги пробате уште прва прилика.
Подготовка
- Маргаринот, морковот и дел од брашното (со пецивото) ги ставаме во длабок сад.
- Замесуваме тесто (глатко, нелепливо) со постепено додавање на останатата количина на брашно.
- Формираното тесто го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме 1 час во фрижидер. После 1 час тестото го делиме на 2 дела. Вториот дел го враќаме во фрижидер.
- Првиот дел на набрашнета работна маса го расукуваме (дебелина 2 мм) и со помош на чаша вадиме кругови.
- Во средината на секој круг ставаме мармалад, преклопуваме, стискаме со прстите да се залепат краевите, па потоа и со вилушка.
- Така формираните колачиња ги редиме во плех (врз хартија за печење).
- Ги ставаме во загреана рерна на 250 степени и веднаш намалуваме на 150 степени.
- Печеме до благо заруменување од долната страна (јас печев точно 30 минути).
- Веднаш ги увалуваме во шеќер во прав.
Забелешка - Од оваа доза испаѓаат 2 плеха од рерната, или вкупно околу 35-40 колачиња, во зависност од големината на чашата која ќе ја користите.
На здравје!