Новогодишна чоколадна торта
Состојки
- За кора
- 10 белки
- прстофат сол
- 200 гр. шеќер
- 2 ванили
- 2 жолчки
- 6 лажици масло
- 100 гр. брашно
- 150 гр. потпечени и сецкани ореви
- 1 пециво
- 2 лажици, рамно полни чоколадно какао
- За попрскување на кората
- 50 мл. млеко
- 50 мл. слатка павлака
- За фил
- 1 л. млеко
- 5 ванили
- 250 гр. шеќер
- 10 жолчки
- 3 пудинзи од ванила
- 1 пудинг од бело чоколадо
- 200 гр. црно чоколадо за готвење
- 100 гр. потпечени ситно сецкани или мелени ореви
- 1 маргарин или путер
- 2,5 дл. слатка павлака
- За ганаш
- 100 мл. слатка павлака
- 100 гр. црно чоколадо за готвење
Подготовка
Оваа торта нека биде мојата новогодишна честитка до сите вас почитувани
Среќна Нова Година и среќни сите престојни празници!
Многу љубов, радост, здравје, среќа на сите вас >3
1.За кората се матат белките со солцата, ванилите и шеќерот.
Се додаваат жолчките една по една.
Се додава маслото, па брашното помешано со пецивото и какаото и на крај оревите.
Се печи во загреана рерна на 180 околу 20 мин., или према вашата рерна.
2.Кога малку ќе подолади ја попрскувам со 50 мл.млеко ладно помешано со 50 мл. слатка павлака.
3.За филот најпрво ги матам жолчките со пудинзите и млеко околу 2дл., да се добие течна смеса.Остатокот од млекото го зовривам со шеќерите.
Ја додавам разматената смеса и варам на умерен оган со постојано мешање,околу 15 мин..
Кога ќе добие на густина, тргам од оган,разматувам убаво со миксер, за да не останат грутчиња и го додавам чоколадото, мешам да се стопи, па оревот.Го ладам кремот до млак, со повремени мешање.Во млак крем го додавам маргаринот изматен, миксајќи.
Во скроз ладно изматената слатка павлака, со лесни мешања,со лажица.
Користам црни чоколадни петлици или поквалитетно чоколадо за готвење.
Ја ставам во фрижидер исфилована, нека одмори и убаво стегни,па ја полевам со ганаш.
4.За ганашот се загрева слатката павлака и се излева врз чоколадото,се соединува со лесни, бавни движења со лажица за да не се направат меурчиња од воздух.Малку да здивни и ја полевам тортата.
Уживајте во секој залак!