Посни кифли
Состојки
- 1 кг. просеано бело брашно
- 1 пресен квасец
- 2 лажичиња сол
- 4 лажичиња шеќер
- 3 лажици, убаво полни посен мајонез - плус за премачкување одозгора
- 100 мл. масло
- по потреба топла вода, околу 450 мл.
- 1/2 маргарин за премачкување
- по потреба и вкус семиња
Подготовка
Многу вкусни, меки кифлички.Топла препорака, рецептов е од јутуб.
1.Во длабок сад се просејува брашното, се прави вдлабнатинка и се додаваат сите наведени состојки.
Се замесува средно меко тесто, убаво се измесува.
2.На намрсена подлога се дели тестото на два дела.
Од секој дел се вадат по шест топчиња.Се премачкуваат со масло, се покриваат со стреч фолија и се оставаат 30 мин., да отстојат.
3.Секое топче се расукува колку плитка чинија, се премачкува со омекнат маргарин и се редат едно врз друго.Последното не се мачка.
Се добиваат две купчиња.
4.Од секое купче се отвора голема кора.
Се попрскува со семиња по вкус, јас ставив-сусам, ким, пипер буковска, оригано.
Се сечи кората на триаголници со големина кава сакаме.Пред да се витка кифлето, триаголничето се превртува, па се витка.
5.Се редат во намрсен плех или на хартија.Се премачкуваат со по малку мајонез и се оставаат на топло да стасуваат 1 час.
6.Се печат во загреана рерна на 200 - 10 мин, па се намалуваат на 180 уште 10-15 мин., или печите према вашата рерна.
На здравје!