Испечати

Новогодишни посни бисквити

Новогодишни посни бисквити

Состојки

  • 125гр. јогурт од соја
  • 80гр. шеќер
  • 80мл. масло
  • 2 лажичиња пециво
  • 330гр. брашно
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче ѓумбир во прав
  • 1/2 лажиче мелено каранфилче

Подготовка

По барање на синот заедно направивме и набрзинка декориравме вкусни бисквитчиња.
Посни се, па така идеални ќе ни бидат и за Нова Година. Само што неделава ќе направиме уште една доза и поубаво ќе ги издекорираме.

Подготовка

1. Во длабок сад измешајте ги јогуртот и шеќерот. Додајте го маслото и продолжете со мешање. Потоа додајте ги пецивото, ѓумбирот, циметот и меленото каранфилче. Измешајте. Постепено додавајте го брашното и замесете тесто.

2. Меѓу 2 листа хартија за печење расукајте го тестото во кора и со калапчиња вадете форми (бисквити). Наредете ги на плех обложен со хартија и печете на 175 степени, 12-15 минути. Откако ќе се оладат декорирајте ги по желба.