Испечати

Банички од готови кори со сирење, праз, јајца

Банички од готови кори со сирење, праз, јајца

Состојки

  • 500гр готови кори
  • фил
  • 3 поголеми страка праз
  • 300гр младо сирење
  • 1,2 јајца
  • Сол, бибер, масло за пржење
  • За премачкување
  • 2 јајца
  • 2лажици масло
  • 3лажици јогурт
  • 1лажиче брашно
  • 1лажиче пециво
  • 2 полни,со врв, лажици кисела павлака или околу 120гр
  • Сусам

Подготовка

Прекрасни се, пробајте ги...

Прво го подготвуваме филот.
На загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз.
Го ставаме да се излади, па додаваме сол бибер, младо сирење или може урда, и јајце, едно или две.
Соединуваме.
Во сад ги соединуваме сите состојки за премачкување.
Ја уклучуваме реалната да се загрее на 180 степени.
Почнуваме со подготовка на баничките.
Земаме прва кора, со четка по цела површина ја премачкуваме со смесата.
Врз кората расфрламе пооолнаа лажица од подготвениот фил.
Виткаме како ролатче, па како полжавче.
Вака подготвени ги ставаме во плех.
Ќе остани од смесата за премачкување и со неа ги премачкуваме одозгора.
Наросуваме сусам
Печиме околу 30 минути во загреана релна.
Малку нека изладат, па ги сервираме со чаша јогурт.

Совет, не ги стегајте многу корите при виткањето, за да има простор да се движат јајцата при печењето, односно да нараснат баничките.