Испечати

Црнобели чоколадни пирамиди

Црнобели чоколадни пирамиди

Состојки

  • За белиот дел
  • 150 гр бело чоколадо
  • 1 лажица мед
  • 20 гр маргарин
  • 70 гр брусница
  • За црниот дел
  • 150 гр црно чоколадо
  • 1 лажица мед
  • 20 гр маргарин
  • 75 гр печени крупно мелени лешници

Подготовка

Подготовка:

1. Искршете го чоколадото на ситни парчиња, додадете ги маргаринот и медот и стопете ги на водена бања или во микробранова. Кога ќе се соединат, додадете ја брусницата и убаво измешајте.

2. Смесата истурете ја во претходно обложен со стреч фолија триаголен калап и израмнете ја. Истата постапка и за црниот дел, каде на крај ги додавате крупно мелените лешници. Смесата ја истурате врз белиот дел и убаво ја измазнувате.

3. Калапот оставете го во фрижидер да се стегни, не му треба многу време, па потоа сечете парчиња.