Испечати

Десерт со чиа семки и малини

Десерт со чиа семки и малини

Состојки

  • 2лажици чиа семки
  • 100мл вода
  • 1лажица мед
  • 1 грчки, мал јогурт
  • Сос од малини
  • 200гр малини
  • 2лажици вода
  • 1,2 лажици шеќер или 1 лажица мед ,по вкус
  • 2 кукис колачи со капки чоколадо
  • Сецкани фстаци за декорација

Подготовка

Не сите сакаат десерти со путер, чоколадо, ореви....
Еве предлог за еден лесен, вкусен десерт

Во чаша ставаме чиа семки и вода.
Промешуваме со дрвено лажиче и оставаме преку ноќ да одстои.
На мнооогууу тивок оган или во микро печка го загреваме малку медот да се опушти, не смеете да зоврие, да не ги уништиме неговите хранливи материи.
Во еден сад ги соединуваме медот, потопените, набабрени чиа семки и грчкиот јогурт.
Соединуваме.
Смесата ја распоредуваме во 2 чаши.
Оставаме во фрижидер да одстои додека го спремаме сосот од малини.
Во мал сад, на многу тивок оган ги ставаме малините, водата и шеќерот.
Промешуваме и оставаме да си крчка околу 10 минути.
Потоа низ цедалка ја процедуваме течноста, со гребење со лажица, да ги одстраниме семките.
Ги вадиме чашите од фрижидер.
Врз чиата со раце дробиме по едно кукис колаче со капки чоколадо.
Подизладениот сос од малини го нанесуваме врз кукисот.
Декорираме со сецкани фстаци.
Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите 1 час.
Послужуваме