Испечати

Двобојни орев обланди

Двобојни орев обланди

Состојки

  • 1 пакет обланди
  • 250 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 300 гр мелени бисквити
  • 300 гр мелени ореви
  • 100 гр црно чоколадо
  • 100 гр бело чоколадо
  • 2 ќесички ванилин шеќер

Подготовка

1. Млекото со шеќерот се ставаат да зовријат, па се додава маргаринот да се стопи.
Се трга од рингла и веднаш се додаваат наизменично мелените ореви и бисквити.

2. Смесата се дели на два дела. Во едниот се додава црното, а во другиот белото чоколадо и ванилите.

3. Секој од овие филови се дели на половина и со секоја половина се премачкуваат обландите во тенок слој наизменично со бел и цен фил.

4. Филованите обланди се натиснуваат со некој тежок предмет рамномерно и се отаваат така преку ноќ. Потоа се сечат на триаголниции или на посакуваните парчиња.

5. Доколку сакате додатно да ги исшарате, предлог е со стопено црно чоколадо.