Испечати

Домашен Путер од Кикирики (готов за 5 минути)

Домашен Путер од Кикирики (готов за 5 минути)

Состојки

  • 100-200 гр (или по потреба) Кикирики (печени, несолени)
  • 1-2 м.л. Масло
  • прстофат Сол

Подготовка

- За путерот можете да користите кикирики кои најмногу вие ги сакате – печени, солени, несолени или мешани. Јас користев печени, несолени кикирики.
- Состојките едноставно ставете ги во блендер (или во електричен сецко) и блендирајте се додека не добиете глатка смеса и се додека не се ослободи маснотијата од кикириките. За тоа ви се потребни неколку минути, во меѓувреме со лажичка соберете го веќе насобраниот путер што се налепил на зидовите од блендерот. За тоа дали намазот ќе ви биде крцкав или не, сами одлучете.
- Доколку сакате путерот да биде сладок, додајте мед додека мешате.
Готовиот путер го собираме во стаклен сад и го чуваме во фрижидер.

Забелешка - Количината на кикирики одберете ја сами, јас го правам во помали количини, бидејќи неговата подготовка е брза и лесна, но затоа пак го правам почесто. Доколку конзистенцијата на добиениот путер ви се допаѓа, не мора да додавате воопшто масло.
Користете го како намаз за здрав и вкусен појадок или употребете го во здрави десерти.

На здравје!