Испечати

Лажна Англиска мока торта

Лажна Англиска мока торта

Состојки

  • Пандишпан
  • 5 јајца
  • 175гр шеќер
  • 175гр путер
  • 2 лажици мармалад од портокал
  • 175гр бела чоколада
  • 175гр брашно
  • 1 паковка пециво
  • 50гр мелени бадеми
  • За фил
  • 1 паковка страчатела крем
  • 2 лажици нутела
  • Друг фил
  • 250гр путер
  • 250гр шеќер во прав
  • 1лажица кафе
  • 1 кора од портокал
  • 50гр сецкани лешници
  • 2 жолчки
  • Плус состојки
  • 100гр маскарпоне
  • 100гр путер
  • 6-7 суви колачиња
  • 200мл густи сок од портокал
  • 1 паковка џото бомбони

Подготовка

Празниците доаѓаат, а со нив доаѓаат и идеите за преубави колачи.
Покрај останатите ситни колачиња, спремаме и нешто поголемо, повкусно.
Од мене еден предлог за превкусна торта.
Во длабок сад ги матиме путерот со шеќерот и мармаладот.
Ги додаваме 5 те жолчки.Матиме убаво да се соедини.
Чоколадата ја растопуваме на пареа, па и таа ја додаваме во садот за матење, заедно со пецивото и мелените бадеми.
На страна во друг сад ги матиме белките па кога се веќе во цврст снег изматени, ги додаваме во садот кај жолчките и ги мешаме со шпатула.
Калапот каде ќе печеме го намастуваме со путер , а потоа ја додаваме смесата, Го растресуваме калапот убаво да легне смесата секаде и ставаме да се пече околу 30 минути на 180 степени.
Кога е печено оставаме да излади па го сечеме на два дела.
Е сега јас овде малку експериментирав, па го печев во поголем калап, а потоа кога е печено го пресеков со помал калап.
Добив два дела , а остатоците од страната ги додадов како трет ред пандишпан.
Ги додадов кршени.
Филот го спремив на овој начин.
Го матиме путерот со шеќерот во прав. Кога стана добро пенесто, додаваме 2 жолчки и 1 лажиче кафе.
Во филот рендам кора од портокал, па соединувам се.
Почнуваме со редење на тортата. Редиме едниот пандишпан, па попрскувам сок од портокал. Густ сок од портокал.
Постилам на цела површина од филот, размачкувам добро на секаде рамномерно, па го додавам другиот дел од пандишпанот.
Го премачкувам со нутела крем, а потоа врз вториот дел прелевам матен страчатела крем за торта, па врз него додавам од кршениот пандишпан.
Премачкувам со тенок слој страчатела крем и оставам да се стврдне.
Маскарпонето го помешувам со путер и мелените суви колачи, па ја премачкувам површината на тортата. Декорирам со џото бомбони.
На здравје да ви е со оваа убавина.