Десерт за Бадниковата вечера
Состојки
- 100мл вода
- 4,5лажици шеќер
- 6лажици брашно
- 7 лажици гриз
- 1лажиче сода бикарбона
- 1лажиче цимет
- 1/4лажиче морско оревче
- 1 голема, рендана дуња
- 1 големо, рендано јаболко
- 100гр сецкани суви сливи
- 70гр сецкани урми
- 70гр сецкан орев
- Шербет
- 1 и 1/2чаша вода, од 250 мл
- 1 полна чаша шеќер од 250 мл
- Некоја капка лимон
Подготовка
Збогатете ја Вашата празнична, посна трпеза со овај десерт.
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат гриз, вода,шеќер, рендано јаболко, рендана дуња. Со лажица се промешува и се остава да одстојат така 15 минути.
2. Во друг сад се соединуваат брашно, сода бикарбона, цимет, морско оревче, сецкани црни сливи, сецкани урми и сецкани ореви. Убаво се промешува. Овие состојки се додаваат на претходно соединетите состојки во вангличката. Убаво се се соединува. Ќе добиеме погуста смеса.
3. Се става во мал правоаголен плех, или округла тава бр 20 или 22, која е обложена со хартија за печење. Убаво со лажица се израмнува смесата. Се печи во загреана рерна на 180 C околу 35 минути.
Сепак се проверува со чепкалка. Испечениот колач, на кој му ја одстрануваме хартијата го оставаме да се излади потполно на кујнска решетка. Потоа со остар нож го сечиме на коцки.
4. За тоа време го ставаме шербетот да се вари. Од кога ќе зоврие нека вари на тивко 3,4 минути. Готовиот шербет го оставаме малку да подизлади. Исечените коцки ги враќаме во тавчето каде го печевме колачот. Го прелеваме со шербетот. Оставаме на собна температура да отстои 4,5 саати.
Потоа го послужуваме.