Бадникова салата
Состојки
- 2 поголеми компири
- 1 главица црвен кромид
- 2 пиперки од туршија
- 8-10 маслинки
- 50гр пченка од конзерва
- Дресинг
- Масло, сол, бибер, оцет или течност од киселите пиперки
Подготовка
Подготовка:
1. Прво компирите ги лупиме и ги вариме. Потоа ги процедуваме од водата, оставаме да се изладат и ги сечиме на парчиња. Пиперките ги сецкаме, исто и црвениот кромид. Сите состојки се ставаат во сад, се додава пченка и маслинки. Се соединува.
2. Во мал сад ги соединуваме сите состојки за дресинг. Прелеваме кон подготвените други состојки.
Соединуваме. Сервираме во сад и оставаме во фрижидер 30 минути да се спојат вкусовите.
Послужуваме.
Забелешка, по сопствен вкус може да се додаде и варен морков, праз наместо кромид, конзервиран грашок....