Испечати

Њоки во бел сос

Њоки во бел сос

Состојки

  • 250 гр њоки
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 150 гр златна мешавина
  • 120 гр шунка
  • зачини - лук во прав, оригано, сув зачин, пимент, кумин, морско оревче, бибер
  • 100на мл вода
  • 400 мл неутрална павлака за готвење
  • 100 гр кашкавал

Подготовка

Решив да им дадам пак шанса на њоките да се засакаме. Ги спремив со превкусно сосче, ама и покрај тоа мислам дека љубов нема да имаме. Сепак, за оние кои ги сакаат и за превкусниот сос, еве го рецептот.

Подготовка

1. Сварете ги њоките во посолена вода и исцедете ги.

2. Ситно сечканиот кромид и пиперка испржете ги да омекнат, додадете ја мешавината зеленчук и ситно сечканата шунка и колку една ракиена чаша од водата.
Пржете додека водата испари и се запржат состојките.

3. Потоа додадете ја останатата вода и павлака за готвење и зачинете. Зачините додадете ги по вкус, но од сите по малку.

4. Кога ќе почни да вари додадете ги и њоките и варете мешајќи до кремаста структура.

5. На крај додадете го кашкавалот, да се соедини и сервирајте ги топли. Кај мене со малу сушен власец и шафран одозгора.