Полжав кифли со путер
Состојки
- 20гр свеж квасец
- 1лажиче шеќер
- 1лажиче сол
- 1 јајце
- 125мл топло млеко
- 125мл топла вода
- 100мл масло
- Околу 500гр брашно
- 100гр замрзнат путер
- За премачкување
- 1 јајце, сусам
- По желба за полнење дробено сирење
Подготовка
Подготовка:
1. Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, вода, јајце, масло. Се промешува со вилушка и постепено се додава брашно. Се замесува средно меко тесто. Се покрива и се остава на топло да се дуплира.
2. Потоа се дели тестото на 2 дела. Од секоја топка се расучуваат правоаголни кори. Врз нив се ренда замрзнат путер. По желба може да се додаде и дробено сирење. Се виткаат како ролати.
Со остар нож се сечат на парчиња дебели по 2 см.
3. Се редат во плех со пресечената страна на горе. Се покриваат со крпа и се оставаат на топлото 10 минути. Потоа се премачкуваат со јајце, се наросува сусам и се печат во загреана рерна да заруменат.
Испечени се покриваат со чиста кујнска крпа, да отстојат 10 минути, па се сервираат.