Испечати

Мини куглофи со свежи праски и маскарпоне

Мини куглофи со свежи праски и маскарпоне

Состојки

  • 2 јајца
  • 4,5лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 2 средни праски
  • 140гр брашно
  • Некое зрно сол
  • 2 лажици мармалад од праски или кајсии
  • 140гр маскарпоне
  • 1 лажиче, полно пециво

Подготовка

Многу кревки, сочни мини куглофи е мојот денешен предлог.
Пробајте ги.
Може да ги печите и во калап за мафини, 12 парчиња ќе добиете.
или пак може да печите во мал калпа за куглоф

Во вангличка се ставаат јајцата, ванилата, шеќерот и солта.
Матиме убаво до побелување на смесата и зголемување на волуменот.
Во мал сад го ставаме маскарпонето и му додаваме 5,6 лажици од изматената смеса.
Соединуваме со миксер убаво.
Сега, оваа смеса полека ја соединуваме со изматените јајца.
Значи не го додаваме дирекно маскарпонето, туку постепено.
Во сад ги соединуваме брашното, пецивото, излупени те и исецкани праски.
Промешуваме.
И овие состојки ги додаваме кај претходните состојки и го додаваме мармаладот.
Убаво со шпатула ја соединуваме цела смеса.
По желба може да се додаде цимет, анис, кардамом......
Ја распоредуваме во мали мини куглоф, силиконски калапи.
Одозгора може да се стават ливчиња бадем.
Печиме на 180 ст. Околу 25 минути.
Ги оставаме да се изладат малку, па внимателно ги вадиме од калапите.
По желба може да се наросат со шеќер во прав.
Сервираме и може да се послужат со топка сладолед.
На здравје