Испечати

Колачи-срце, со рум

Колачи-срце, со рум

Состојки

  • 200 гр бисквити со путер
  • 130гр мелени ореви
  • 40мл млеко
  • 2,3 лажици шеќер во прав
  • 120гр путер
  • 2лажици квалитетно какао
  • 1лажица рум
  • за декорација
  • 150гр чоколадо,45% какао маса
  • 2,3лажици масло
  • бисерни бомбончиња

Подготовка

Со љубов, за неа. Ова е една палета на мои ситни, вкусни, декоративни колачи. Ги подготвив со многу љубов и ги подарив на една млада, прекрасна дама, со желба да има убав и среќен живот.

Денес ќе споделам еден рецепт, а наредниве денови ќе следуваат рецепти и за другите ситни колачи.
Првиот и последниот ред е мојот рецепт за Бела розенка, со мали измени.
Користено е млеко наместо вода, користен е путер наместо маргарин и користев тостирани мелени ореви, Рецепт за неа има тука https://moirecepti.mk/post/%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b0-%d1%80%d0%be%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d0%ba%d0%b0

Подготовка:

1. Во мало тенџере на оган ги ставаме да се соединат млекото,путерот, шеќерот, какаото, Од кога смесата е изедначена го додаваме румот. Промешуваме. Додаваме мелени ореви и бисквити.
Соединуваме.
2. Топлата смеса ја ставаме на даска за колачи. Убаво израмнуваме. Оставаме во фрижидер да се излади. Потоа со модличка во форма на срце вадиме колачи. Ги декорираме со растопено чоколадо и бисерни бомбончиња. Оставаме да се изладат, па ги послужуваме.