Посни банички (со праз и печурки)
Состојки
- Фил
- 2 поголеми страка праз
- 300 гр Свежи печурки Шампињони
- по вкус хималајска сол и црн бибер.
- Тесто
- 700 гр Брашно (просеано)
- 1 м.л. Сол
- 5 г.л. Масло
- 380 мл Вода (млака)
- Плус Масло (за пржење на филот и за попрскување на корите).
Подготовка
Овие посни банички може да ги приготвите како предјадење или главно јадење, сепак како и да одлучите ќе имате превкусен и совршен оброк.
Подготовка
1. Најпрво го подготвуваме филот. Празот го сечкаме на парчиња и го пржиме на загреано масло во тава на оган. И шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги пржиме до омекнување, па ги додаваме во тавата со омекнатиот праз. Посолуваме и наросуваме мелен црн бибер по вкус.
2. Потоа го замесуваме тестото од наведените состојки ( по меко ). Веднаш го делиме на 5 исти делови. Сите 5 дела ги расукуваме во големина колку чинија, и ги оставаме убаво намрсени од двете страни да отстојат околу пола час ( покриени со стреч фолија ). По пола час почнуваме со тегнење на првата кора (врз чаршаф) ја попрскуваме со масло и ставаме насекаде од филот. Завиткуваме со помош на чаршафот и формираме баничка. Постапката е иста и со останатите 4 дела.
3. Формираните банички ги попрскуваме и одозгора со масло и ги ставаме да се печат во загреана рерна на 250 степени (до поруменување). По желба може одозгоре да наросите сусам.
Забелешка - Јас во некоја од баничките ставив и сецкани маслинки.
На здравје!