Мармалад од шипки
Состојки
- 3 кг шипки
- 1 500 гр шеќер
Подготовка
Многу работа, многу чистење, многу цедење, гмечење, но сето тоа се заборава со крајниот резултат кој е и повеќе од 10ка.
Подготовка
1. Шипките се мијат убаво и се налеваат со вода. Се ставаат да се варат на тивко 30мин., додека убаво не омекнат. Потоа се гмечат со лажица или во нутрибулет, за да се добие густа каша. Во самата каша се додава вода колку да се проретчи, зошто нема да може да се прецеди смесата.Добив околу 5 литра течност.
2. Кашата се цеди преку цедилка за тестенини, или преса, притискајќи со лажица. Потоа се цеди течноста преку сито, па преку газа. Мора да се прецеди зошто има мали влакненца кои треба да се отстранат.
3. Се зоврива течноста. Врие додека не изврие на пола и потоа се додава шекер. Се вари додека се постигне саканата густина да не биде ни премногу ретко ни многу густо. Врело се собира во тегли се затвараат и се оставаат во загреана рерна да се вакумираат. Превкусен!!!