Чоколадна кралица
Состојки
- Плех 40 х 26см
- Тесто
- 600 гр брашно
- 1/2 пециво
- 200 гр шеќер
- 2 ванили
- 2 јајца
- 100 гр кисела павлака
- 250 гр маргарин
- Фил од ореви
- 300 мл млеко
- 2 ванили
- 5 лажици шеќер
- 2 реда чоколадо
- 300 гр мелени ореви
- 100 гр суво грозје
- 2 лажици рум
- Фил од пудинг
- 1 литар млеко
- 4 пудинга од чоколада
- 6 лажици шеќер
- 2 ванили
- 4 лажици црн еурокрем
- 1 лажица кисела павлака
Подготовка
Ова е превкусна чоколадна пита која може да се замрзне и кога ќе се извади од фрижидер по вкус е иста.
1. Од состојките за тесто се замесува убаво глатко тесто кое се дели на 2 дела.
2. Фил од ореви- Млекото со ванилата и шеќерот се става да зоврие. Во него се додава чоколадото и мелените ореви заедно со сувото грозје и румот. Се трга од ринглата и се остава да олади.
3. Фил од пудинг- Во литар млеко се вари пудингот стандард со шеќерот. Во жешко се додава еурокремот и киселата павлака.Вака двата фила се мешаат заедно.
4. На тепсија се реди половина од тестот кое се расукува со сукало. Се става целиот фил и најгоре вториот дел од тестото . тестото се боцка со чачкалица и се печи на 200С-50мин. Пред крајот на печењето се премачкува со путер и се исклучува рерната. Се остава да олади. Богата ,вкусна и сочна пита од чоколада.