Козињак
Состојки
- 1,5 кгр брашно
- 1 коцка пресен квасец
- 1 лажиче сув квасец
- 3 јајца
- 150 мл масло
- 600 мл млеко
- 300 гр шеќер
- 2 ванили
- по желба за премачкување (мармалад, афион, чоколадо и еурокрем, суво грозје, толчени ореви и сл)
Подготовка
Подготовка:
1. Зафатете го квасецот со малку млака вода, шеќер и брашно. Поединечно и сувиот и пресниот. Во ванглата каде ќе месите изматете ги јајцата со вилушка, додадете маслото, млакото млеко со шеќерот растворен во него, двете ванили, кора од лимон, стасаните квасеци и додавајте брашно. Да се добие меко тесто, кое на почетокот ќе се лепи, па мачкајте ги рацете со масло и така префаќајте го тестото. Месете и ако пак почне да лепи, пак намрсете ги рацете со масло и така се додека не добиете тесто кое нема повеќе да лепи, но истовремено и ќе почне да ви кисни во рацете. Го оставате во ванглата да кисни, премачкано со масло, да не фати корка.
2. Оставете го да надојде, убаво, двојно и тројно да го зголеми волуменот. Размесете го и пак оставете го да стаса, и така минимум 3 пати, а може и повеќе. Последниот пат го превртувате тестото на работната маса и без многу префаќање го делите на 4 дела. Секој дел на по три корички кои се мачкаат со фил, се виткаат во ролатче и се плетат во плетенка.
3. Полнењето е по желба. Јас едниот го направив премачкан со чоколадо растопено со еурокрем и суво грозје потопено во рум. Другиот го направив премачкан со мармалад од сливи и цимет, третиот со афион измешан со шекер во прав и попарен со врело млеко, а четвртиот премачкан со чоколадо и толчени ореви.
4. Се плетат козињаците и се оставаат да скиснат во калапот покриени со кујнска крпа. Кога се скиснати, се премачкуваат со јајце, млеко и масло изматкано заедно. Се посолува сусам, ким, цимет, ванила и слично, по желба.