Испечати

Сунѓер проја (на мој начин)

Сунѓер проја (на мој начин)

Состојки

  • 3 Јајца
  • 1 м.л. Сол
  • 150 мл Млеко
  • 150 мл Јогурт
  • 150 мл Газирана Вода
  • 120 мл Масло
  • Користен шол од 150 мл
  • 1 шол (115 гр) Гриз
  • 1 шол (90 гр) Пченично (бело) брашно
  • 2 шољи (160 гр) Царевно Брашно
  • 1 Пециво
  • ПЛУС - 100 гр Шунка (сецкана на коцкички) и 100 гр Кашкавал (сецкан на коцкички)
  • За наросување - бел и црн сусам.

Подготовка

Оваа проја со комбинирање на состојки по мој избор, испадна повеќе од превкусна и верувам дека откако ќе ја пробате и Вие ќе се уверите во истото и дека овој рецепт ќе ви стане вистински избор за вкусен доручек. Додавањето на гризот во сувите состојки, и на газираната вода во течните состојки, ја прави сочна и мека како сунѓер.

Подготовка
1. Во длабок сад ги матиме јајцата и солта (со рачна маталка или кратко миксираме со миксер). Ги додаваме наведените течни состојки - соединуваме. Потоа ги додаваме постепено и сувите состојки - соединуваме до хомогенизирање. На крај ги додаваме кашкавалот и шунката, промешуваме.
2. Оваа смеса ја истураме во тавче во кое на дното сме ставиле хартија за печење. Одозгора посипуваме со сусам. Печеме во загреана рерна на 200 степени до заруменување (проверете со чачкалица).

*Забелешка - Јас користев тавче број 28, но може да ја направите и во тавче број 26. Како додатоци по избор на децата се одлучив за кашкавал и шунка, но вие може да додадете што сакате по ваш вкус. Доколку се одлучите за сирење, намалете на солта, имајќи предвид дека сирењето е солено. Оваа смеса за проја е поретка од класичната, но да не ве буни тоа...така и треба да биде.

На здравје!