Испечати

Лесни меки кифлички

Лесни меки кифлички

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 250 мл вода
  • 250 мл млеко
  • 40 гр свеж квасец
  • 3 лажички шеќер
  • 1 лажица сол
  • 8 лажици масло
  • 2 белки
  • За премачкување
  • 2 жолчки
  • по желба семиња
  • мали коцкички маргарин

Подготовка

Прекрасни кифлички кои иако се чека нараснување на тестото, се спремаат толку лесно и неосетно. Карактеристично е тоа што поради содржината на масло во тестото, нема потреба од посип или намрсување, едноставно се работи такво какво што е.

Подготовка

1. Квасецот се активира во млаката вода заедно со 1 лажиче шеќер и брашно. Најлесно е тоа да се направи во самиот сад за месење, каде ќе е ставено брашното, во средина, со правење на длапка. Во тој случај, само додадете го сиот шеќер над брашното и додадете го здробен квасецот и водата.

2. Откако ќе запени се додаваат млакото млеко и белките, се меша, па се додава солта и брашното и се меси меко глатко тесто. Во овој случај ако имате силен миксер одлично и најлесно ќе си ја завршите работата. Тестото се покрива и се остава да нарасти.

3. Потоа благо се премесува и се дели на 3 до 4 топчиња. Секое топче тесто се сучи тенко во круг, се сечи на 12 триаголничиња или ако сакате поголеми на 8 и се ролаат кифлички.

4. Наредените кифлички во плехот се покриваат и се оставаат да нарастат додека се загрева рерната која сега ја вклучуваме на 200С. Потоа ги премачкуваме со изматените жолчки, ги поросуваме со семиња по желба и врз секое ставаме мала коцкичка маргарин, па ги печиме околу 15на мин, односно додека заруменат одозгора.