Сочен шарен кекс
Состојки
- 3 Јајца (големина Л)
- 1 Ванила
- 200 гр Шеќер
- 100 мл Масло
- 150 мл Млеко
- 240 гр Брашно (просеано)
- 1 Ванила
- 1 (50 гр) Морков (ситно рендан)
- 5 г.л. Ореви (мелени)
- 1 м.л. Цимет
- Плус - Какао (по потреба)
Подготовка
Вкусен, сочен кекс за попладневно заблажување, кој се подготвува брзо и лесно.
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме јајцата, миксираме со постепено додавање на шеќерот и ванилата до згустување. Потоа го додаваме маслото, па млекото - миксираме. На крај ги додаваме (претходно соединети) брашното и пецивото. Соединуваме со шпатула или со кратко миксирање на најслабата брзина.
2. Оваа смеса ја делиме на 3 дела. Едниот останува ист, во вториот го додаваме ренданиот морков, а во третиот оревите и циметот - соединуваме до хомогенизирање.
3. Во калапот (намрсен и набрашнет) прво ја истураме смесата со морков, па со цедилка наросуваме какао, сега ја ставаме смесата која остана иста, пак наросуваме какао, и на крај ја ставаме смесата со ореви и цимет. Печеме во загреана рерна на 170 степени (проверуваме со чачкалица).
4. Испечениот кекс нека олади потполно, па го дегустираме. По желба одозгора наросуваме шеќер во прав.
На здравје!