Палачинки со овошен јогурт
Состојки
- 1 јајце
- 1 чашка од 150 мл овошен јогурт
- 2 чашки од јогуртот, млеко
- 30мл масло
- 4,5 лажици брашно
- Некоја капка масло за пржење
Подготовка
Малку поинакви, но многу вкусни палачинки. Во составот може да се додаде ванила, шеќер, рум, ситно сецкано овошје...
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат јајцето, овошниот јогурт, млекото и маслото. Со вилушка се соединуваат сите состојки. Сега се додаваат 4 полни лажици брашно. Само неколку секунди се соединува смесата со миксер или може со жица. Ако многу се мати смесата, палачинките може да бидат тегави. По потреба се додава лажица плус од брашното. Јас сакам танки палачинки и секогаш додавам помалку брашно од потребното.
2. Тава се загрева на умерен оган. Се пржат од двете страни. Се послужуваат со крем, мармалад, сладолед. Јас ги јадев со мармалад од смокви.