Испечати

Чоко-Ванила Путер Кекси

Чоко-Ванила Путер Кекси

Состојки

  • Бел дел
  • 225 гр Путер (маргарин) на собна температура
  • 100 гр Шеќер во прав
  • 1 Ванила
  • 250 гр Брашно
  • 60 гр Густин
  • Кафен дел
  • 225 гр Путер (маргарин) на собна температура
  • 100 гр Шеќер во прав
  • 1 Ванила
  • 200 гр Брашно
  • 50 гр Густин
  • 55 гр Какао

Подготовка

Освен што се декоративни, овие колачиња се совршени за со кафе, чај или млеко.

Подготовка

1. Бел дел - Во длабок сад ги ставаме путерот, ванилата и шеќерот во прав. Миксираме до хомогенизирање. Потоа ги додаваме наведените суви состојки (претходно соединети). Соединуваме до добивање компактна смеса. Добиеното тесто го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме во фрижидер 15 минути.

2. Кафен дел - Постапката е потполно иста како кај белиот дел. Откако ќе го изработиме и кафеното тесто, ја спремаме мрсната хартија за печење, односно ја превиткуваме на сите 4 страни во големина на А4 лист. За секој дел посебно ќе ни треба вака формирана мрсна хартија.

3. И белото и кафеното тесто го делиме на 3 дела. Додека работиме со 1/3 од тестото, остатокот од тестото стои во обичен фрижидер (завиткано во стреч фолија). Белото тесто (1/3) го ставаме помеѓу двата листа мрсна хартија, го расукуваме со сукало. И со кафеното тесто постапуваме исто.

4. Врз белото тесто го ставаме кафеното тесто, сечеме во должина на пола, па ги ставаме едно врз друго (добиваме 4 слоја тесто). Пак сечеме во должина на пола, и пак ги ставаме двата дела едно врз друго (добиваме 8 слоја тесто). Со рацете го обликуваме така нареденото тесто, па го завиткуваме како кога цедиме мокра крпа. Добиеното тесто го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме во фрижидер 10-на минути. Потоа сечеме парчињаа од 1 цм, ги редиме во плех врз хартија за печење.

5. Печеме во загреана рерна на 170 степени до благо поруменување од долната страна (видете додатна слика). Во тој момент на допир ќе бидат малку меки колачињата, но така треба да бидат, по нивното изладување се стврднуваат.

*Забелешка - Така формираното тесто може да стои во обичен фрижидер неколку дена, и да го печете по потреба, бидејќи од целата доза испаѓаат многу колачиња (околу 80), или може да си направите 1/3 или 2/3 од наведената доза. За посна верзија може да употребите маргарин.

На здравје!