Филуван кадаиф
Состојки
- 500 гр кадаиф
- 250 гр путер
- 200 гр сечкани ореви
- 1 литар млеко
- 10 г.л. нишесте
- 10 г.л. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 500 мл хопла
- 1 чаша ладна вода
Подготовка
Втор пат го правам. Превкусен е. Но никако не успевам да го сервирам освен во чаша со лажичка, бидејќи ми стои некако многу растресит и не може да се оддели „парче“. Еве како го подготвувам. Ако има некој совет или ако некаде грешам, помагајте.
Подготовка:
1. Путерот го ставам на рингла во тенџере да се растопи. Штом се растопи го додавам кадаифот иситнет на најситно и убаво го пржам, секое и најмало парченце да се зацрви и промириса. На крај ги додавам сечканите ореви.
2. Следува подготовката на филот. Литар млеко го загревам до зовривање. На страна растворам шеќерот, густинот, ванилиниот шеќер со една чаша ладна вода. Го варам кремот и го оставам да се одмори десетина минути. Во него истурам 500 мл хопла.
3. Следува редењето. Половина пржен кадаиф на дното од тавата, па филот и озгора останатата половина. Го оставам во фрижидер.