Испечати

Брз ручек со зеленчук и мелено месо

Брз ручек со зеленчук и мелено месо

Состојки

  • 300-500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 пакување замрзнат, мешан зеленчук
  • по вкус зачини (сол, бибер, куркума, босилек, чубрика, сув магдонос и сл.)

Подготовка

Еден од многуте мои „експерименти“ во кујната, кој на крајот многу фино излезе. Не е ништо посебно ниту ексклузивно овој рецепт, но е многу брз и вкусен ручек кој може да се зготви од вечер, па дури може и да не се подгрева следниот ден...

Подготовка:

1. Меленото месо го обликуваме во топчиња и ги пропржуваме на масло да заруменат од сите страни. Или ако имате на пример останати ќофтенца ова е супер начин да ги „рециклирате“.
2. Во вок тава (или тенџере) ставаме малку масло и кратко го пропржуваме кромидот колку да омекне и зарумени. Го додаваме мешаниот зеленчук од кеса. Јас користев мешавина ѓувеч, но може со било која друга. Додадете зачини по вкус – јас ставив сол, бибер, куркума, босилек, чубрика и малку сув магдонос. 3. Додадете ги и ќофтенцата и кратко пропржете сѐ заедно, а потоа додадете околу половина литар вода и оставете да се издинста околу 15-20 минути со полу-затворен капак. Последните 5-10 мин. гответе со отворен капак и промешувајте да не загори, а да испари помалку или повеќе целата вода.
4. Доколку сакате да добиете манџичка, ставете уште на старт повеќе вода за на крај да ви остане течно, па промешајте едно лажиче брашно и вода (по желба и малку црвен пипер) и ставете го во водата за да згусне. Сигурно и така ќе биде исто вкусно.

Добар апетит!