Испечати

Куглоф со спанаќ и сирење

Куглоф со спанаќ и сирење

Состојки

  • 2 јајца
  • 1лажиче сол
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • 1 чаша бело брашно
  • 1 чаша пченкарно брашно
  • 1лажиче пециво
  • 1 грст чисти листови спанаќ
  • 100гр бело сирење
  • 1лажица сусам
  • Малку ленено семе за одозгора

Подготовка

Користена е чаша од 200 мл

Подготвка:

1. Во вангличка се ставаат јајцата и солта и се матат. Се додава јогурт, масло и сусам. Се заедно соединуваме.
2. Во еден сад ги соединуваме двата вида брашно, пециво, сирење и сецканиот, свеж спанаќ. Овие состојки ги додаваме на претходните.
3. Изедначената смеса ја ставаме во помал калап за куглоф, кој е намастен и набрашнет. Посипуваме ленено семе.
4. Печиме околу 35 минути на 180 степени. Проверуваме со чепкалка. Го оставаме куглофот на решетка да се излади, па сечиме на парчиња и послужуваме со чаша јогурт.