Испечати

Печена, зачинета тиква

Печена, зачинета тиква

Состојки

  • Тиква по потреба, околу 1 кгр
  • За зачинување
  • 1 ванила
  • 1лажиче цимет
  • 1лажиче морско оревче
  • 1,2 лажици шеќер
  • По вкус може и мелено каранфилче, мелен ѓумбир...
  • За послужување
  • Мед и ореви

Подготовка

Подготовка:

1. Прво тиквата ја миеме, па ја сечиме на парчиња поголеми и ја отстрануваме лушпата.
Потоа секое парче го сечиме на помали парчиња , отприлика 3х3 цм,или 4х4 цм, значи не многу ситно.
2. Во еден сад ги соединуваме ванилата, цимет, морско оревче, шеќерот. Промешуваме.
3. Парчињата тиква ги ставаме во тава, која е обложена со хартија за печење. Врз неа ја нанесуваме подготвената мешавина од зачини. Може и да промешаме, да се обложат сите парчиња. Печиме околу 1 час во загреана рерна.
4. Потоа во чаша за десерт, ставаме по неколку парчиња, ставаме лажиче мед и попрскуваме со тостирани, па мелени ореви. Декорираме со ливче босилек или нане.
На здравје оваа есенска убавина.

*Забелешка-Врз хартијата за печење може да ставиме и 1 лажица растопен путер,а потоа да ги ставиме парчињата тиква. Така тиквата ќе има уште поубав шмек. Изборот е ваш, според ваш вкус.