Суви колачиња со тиква и чоколадни капки
Состојки
- 300гр брашно
- 1 јајце
- 1лажиче рамно сода бикарбона
- 1/2 лажиче пециво
- 1/2 лажиче сол
- 1лажиче цимет
- 1/2 лажиче морско оревче
- 1/2лажиче Ѓумбир во прав
- 1 ванила
- 140гр путер
- 200гр печена тиква
- 200гр чоко капки
- 100гр шеќер
- 60гр кафен шеќер
Подготовка
Тиквата како симбол на есента е непресушен извор на инспирација за различни десерти кои ја вклучуваат оваа вкусна и здрава храна - па зошто да не ја искористите нејзината сезона максимално? Затоа денес ви ги претставувам овие вкусни колачиња со тиква.
Овие колачиња од тиква и чоколада се прекрасно крцкави и меки во исто време. Имаат прекрасен мирис и вкус благодарение на комбинацијата на зачини составени од цимет, морско оревче и ѓумбир. Задоволството го комплетираат капките темно чоколадо кои придонесуваат и за вкусот и за структурата на колачињата.
Подготовка:
1. Во еден сад измешајте ги сите суви состојки брашно, сода бикарбона, прашок за пециво, сол, цимет, морско оревче и ѓумбир.
2. Во друг сад изматете го путерот кој бил на собна температура со двата вида шеќер додека не стане пенеста. Додадете го јајцето и продолжете со матењето додека не добиете убава пенеста смеса и додека не се раствори целиот шеќер. Додадете арома од ванила и пирето од тиква и соединете со миксер. На крај додадете ја смесата од сувите состојки и убаво измешајте со миксер. Додадете ги капките чоколадо и измешајте со лажица.
3. Подгответе два големи плехови и обложете ги со хартија за печење. Со лажица за сладолед извадете топчиња и ставете ги на плехот, внимавајќи да оставите доволно простор помеѓу колачињата бидејќи тие ќе се шират и малку ќе се израмнат за време на печењето. Може да се ставаат и со помош на две лажички.
4. Печете ги колачињата во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. На допир треба да се црвсти , но сепак ќе бидат меки, односно краевите благо ќе заруменат. Оставете ги да се изладат и дури потоа внимателно извадете ги од хартијата. Чувајте ги колачињата затворени во кутијата, бидејќи следниот ден уште повеќе ќе омекнат.