Фалафел
Состојки
- 1голема главица кромид
- 2 јајца
- 1/3лажиче црн бибер свежо мелен
- 2 лажици овесни снегулки
- 140гр наут ( една мала конзерва )
- 2чешниња лукче ( може и во прав )
- 2-3гранчиња магдонос
Подготовка
Подготовка:
1. Исцедете го наутот од лименката. Ставете го во сецкото, па додајте му ги лукот, кромидот, овесните снегулки,магдоносот и зачините. Исецкајте ги убаво, па додајте го јајцето. Промешајте убаво.
2. Маслото загрејте го, па полека со мала лажичка додавајте од смесата нека се пржи, Превртете убаво од двете страни нека зарумени. Вадете ги готовите фалафел на кујнска хартија нека си ја упие маснотијата.
Нека ви се слатки. Зачини ставете си по ваш вкус.