Испечати

Сок од трнинки

Сок од трнинки

Состојки

  • 1 кг Трнинки
  • 2,5 литри Вода
  • 250 гр Шеќер

Подготовка

Порано сокот од трнинки се правеше почесто, за разлика од денешницава. Нашите баби редовно го правеле како дел од задолжителната зимница. Плодот се јаде и свеж, но сепак се користи и како преработен - за сок, компот, џем, ликер и слично. По состав трнинките се богати со изобилство од хранливи материи (антиоксиданси, танин, витамин Ц, калиум, калциум итн).

Подготовка:

1. За припремата на овој сок ни се потребни 3 состојки. Трнинките убаво ги миеме и ги ставаме во тенџере, додаваме вода 3 прсти над нив. Нека зовријат и ги вариме се додека да омекнат зрнцата.
2. Потоа ги цедиме и ги пасираме со помош на лажица за пире или во електричен сецко (јас користев електричен сецко).
3. На добиената смеса ја додаваме наведената количина на вода, и почнуваме со процедувањето, прво преку цедилка, па преку газа или хулахопка.
4. Го додаваме и шеќерот, па сокот го ставаме на огин да зоврие. Нека врие 5 минути и го тргаме настрана (ако се појави пена ја тргаме).
5. Во претходно спремни стерилизирани шишиња го ставаме сокот и ги умотуваме во крпи. Откако ќе излади целосно сокот, ги чуваме шишињата на темно и ладно место.

*Забелешка - Доколку не сакате да употребите шеќер, тогаш заменете го со фруктоза. Наведените количини се дадени за 1 кг трнинки, вие може да ги корегирате во зависност од тоа колку трнинки ќе употребите. Истотака и шеќерот доколку сакате по желба зголемете го или намалете го.

На здравје!