Сендвич со пршута, круша и горгонзола
Состојки
- 2 багети ( од по 150 гр )
- 1 круша
- 70 гр горгонзола
- 1 лажиче путер
- 2 лажици кајмак
- 6 листа марула
- 80 гр пршута
- 2 лажички мед
Подготовка
Подготовка:
1. Крушата ја сечиме на половина, ја чистиме од семките и ја сечиме на тенки листови.
2. Во тавче на оган на средна температура го ставаме путерот, кога ќе се растопи ги ставаме парчињата круша. Ги пржиме од двете страни додека не поруменат. Врз секое парче круша ставаме по една коцка горгонзола. Парчињата круша ги ставаме во чинија.
3. Багетот го сечиме надолжно на половина. Со внатрешната страна го ставаме во тавчето на оган да се потпечи. Едното лепче го мачкаме од потпечената страна со една лажица кајмак. Ставаме листови марула, врз марулата ставаме парчиња пршута, парчиња круши со горгонзола и преливаме со едно лажиче мед. Го ставаме вториот дел од багетот и послужуваме.
Уживајте во неверојатниот спој на вкусови.