Испечати

Здрави колачиња (со тиква)

Здрави колачиња (со тиква)

Состојки

  • 200 гр Тиква (варена на пареа)
  • 120 гр Овесни снегулки (грубо сецкани)
  • 20 гр Урми (суви)
  • по вкус Цимет

Подготовка

Брзи, здрави, вкусни колачиња со едноставна подготовка.

Подготовка

1. Тиквата и урмите ги ставаме во електричен сецко. Смесата ја префрламе во длабок сад.
2. Додаваме цимет и овесни снегулки. Соединуваме до хомогенизирање.
3. Формираме бомбици, кои ги редиме во плех (врз хартија за печење). Ги сплеснуваме да добијат изглед на округли колачиња.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени (јас печев 10 минути).

* Забелешка - Доколку користите печена тиква, тогаш употребете помала количина на овесни снегулки. Урмите се додаваат за блажина на колачињата, но вие може да употребите заблажувач по ваш избор.

На здравје!