Карамел dulce de leche од кондензирано млеко
Состојки
- по желба конзерви кондензирано млеко
- по потреба вода
Подготовка
Си начекав дупло поевтино кондензирано млеко и нормално, си купив повеќе конзерви. Така да се имаше за додатни активности. Не знам дали се уште стои овде, порано имав постирано рецепт за овој крем спремен во микробранова, кој временски е побрз, а за ова треба време, но сепак оди се „мазно и едноставно“.
Подготовка
1. Во тенџере ставете ги конзервите со кондензирано млеко, претходно исчистени од етикетите.
2. Конзервите доколку ви е позгодно можи да ги сместите легнати. Налејте вода еден прст над конзервите, да ги покрива.
3. Водата можи да е и загреана и ладна. Доколку е ладна времето за варење се продолжува за уште половина час. Јас ставив солидно топла вода од бојлер. Варете на средна температура 2 часа.
4. Важно е кога и ако водата испари, да се дотури вода да ги покрива лименките и јачината на ринглата да ја подесите да има константно клокотење, варење на водата, т.е. водата на рингла да е над 100 степени. Доколку имате капак за тенџерето, ќе ви заштеди дотурање на вода која не треба да е ладна. Јас во тие два саати дотурив само еднаш.
5. Кога ќе ја отворите лименката карамелот ќе е цврст, т.е. покомпактен. Измешајте го убаво за да добие кремаста структура.