Бомбици со тиква
Состојки
- 70 гр потпечени несолени кикиритки
- 20 гр иситнети овесни снегулки
- 2 лажици пире од тиква( печена )
- 1 лажица таан
- ½ лажиче цимет
Подготовка
Подготовка:
1. Кикиритките ги ставаме во блендер да се иситнат.
2. Во длабок сад ги ставаме кикиритките, овесните снегулки и циметот, промешуваме. Го додаваме пирето од тиква и таанот, смесата ја мешаме со лажица, а по потреба и со рака за убаво да се соединат состојките. Формираме бомбици.