Испечати

Распукани Колачиња со Тиква

Распукани Колачиња со Тиква

Состојки

  • 75 гр Тиква (варена на пареа)
  • 15 мл Масло
  • 1 Јајце
  • пола (6 гр) Пециво
  • 50 гр Шеќер
  • околу 250 гр Брашно
  • Плус по потреба Шеќер (кристален) и Шеќер (во прав)

Подготовка

Еве уште една идеја од мене за прекрасните распукани колачиња, кои освен со нивниот изглед, воодушевуваат и со нивниот вкус.

Подготовка

1. Прво тиквата и маслото ги блендираме (или ги соединуваме со вилушка). Оваа смеса се става во длабок сад, каде ги додаваме останатите наведени состојки.
2. Замесуваме тесто кое го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме во фрижидер пола час.
3. Потоа со малку намрсени раце ги правиме колачињата, формирајќи топчиња кои прво ги увалуваме во кристал шеќерот, па потоа во шеќерот во прав. Ги редиме во тавата во која ќе ги печеме (врз хартија за печење).
4. Колачињата се печат во загреана рерна на 180 степени, до благо заруменување од долната страна. Нека оладат, па ги послужуваме.

Забелешка - Количината на брашно може да варира во зависност од тоа каква тиква ќе користите (печена или варена на пареа или не). Јас претходно ги правев со печена тиква, тогаш употребив иста количина на брашно, ама количината на тиква ја зголемив, односно ставив 150 гр печена тиква.
Исто така и количината на шеќер може да варира во зависност од блажината на тиквата. Кај мене во овој случај тиквата беше со средна блажина и јас ставив 50 гр шеќер, но доколку не е блага, во тој случај ставете 100 гр шеќер.

На здравје!