Испечати

Кус кус салата со риба

Кус кус салата со риба

Состојки

  • 1кг риба по избор (без коски ) Филети
  • 1 зелена салата
  • 5лажици кус кус
  • 300мл врела вода
  • 1/3личе сол, црн бибер

Подготовка

Подготовка:

1. Ставете го кус кусот во сад и попарете го со врела вода. Посолете го и оставете да се набабри.
Салатата измијте ја и исушете ја со кујнска хартија.
2. Рибата, ако е филети како што користев јас испечете ја на хартија, посолена и наросена со свежо мелен црн бибер, па кога е готова исцепкајте ја на покрупни парчиња.
3. Кога се е изладено, спојте ги исецканата зелена салата, парчињата риба и кус кусот, кој ја упил водата во него. Наросете сол и црн бибер, а потоа додајте маслиново масло. Ако сакате можете да исцедите и свежо лимонче. Имате преубава вечера или салата. Нека ви е слатко.

*Заблешка - Салатата дозволува било каква риба. Ако користите конзерви риба, тогаш прилагодете си ја количината според потребите. Искористете ја само идејата.
На здравје