Испечати

Рипчиња од рерна

Рипчиња од рерна

Состојки

  • 1кг папалини
  • 2 лажици нишесте
  • 2 лажици палента
  • 1/2 лажиче црвен пипер
  • 1лажица сол
  • 200мл зејтин

Подготовка

Ако ви е досадно да ги пржите едно поедно рипче, еве ви начин на кој ќе имате убава крцкава папалина.

Подготовка:

1. Измијте и исчистете добро.Исушете на кујнска хартија.

2. Во сад настрана помешајте ги нишестето, солта и палентата, па додајте го и црвениот пипер. Рипчињата извалкајте ги во смесата.

3. Тавата во која ќе печете попрскајте ја со масло,па ставете ги спремните папалинки. Благо превртете ги и ставете да се печат. Така добро ќе се испечат што крцкаат како препрженки.
Нека ви е на здравје