Капрезе од модар патлиџан и моцарела
Состојки
- 1 голем модар патлиџан
- 1мала паковка моцарела
- 2 големи или 6 мали црвен патлиџан или шери патлиџанчиња
- 1/2лажиче оригано
- 50мл балсамико
- 1гранче свеж босилек
Подготовка
Вкусна салатичка.
Подготовка:
1. Измијте го убаво модриот патлиџан и оставете да постои во солена вода. Измијте го и исецкајте го на парчиња тенки па ставете да се пече.
2. Кога е готов распоредете го во чинијата каде ставивте половинки од шери патлиџанчиња, сецкан босилек, топчиња од моцарела. Попрскајте со балсамико и наросете оригано. По вкус ставете и маслиново масло.
Нека ви е слатко.