Мини тарт со фил од тиква
Состојки
- тесто
- 100 гр потпечени несолени кикиритки 60 гр
- 60 гр урми
- 60 гр овесни снегулки
- 1 лажица кокосово масло
- Фил
- 280 гр печена тиква
- 1 лажица путер од кикиритки
- 1 лажиче мед ( опционално, зависно од блажината од тиквата )
- 1 лажиче арома од рум
- 30 гр темно чоколадо со 70% какао
- 1 лажиче кокосово масло
- 30 гр мелени несолени потпечени кикиритки
Подготовка
Кремаст, вкусен десерт. Од овие количини излегуваат 3 мини тартови.
Подготвока:
1. Тесто- во блендер ги ставаме кикиритките , блендираме додека не се иситнат. Ги додаваме урмите и блендираме заедно, додека не се добие хомогена смеса. Во смесата ги додаваме овесните снегулки и кокосовото масло, блендираме.
2. Од смесата ставаме во мали калапи за тарт. Калапите ги ставаме во загреана рерна на 180 степени, печиме 10 минути, колку да поруменат. Ги вадиме да се изладат.
3. Фил- тиквата, путерот од кикиритки, рум аромата и медот (опционално). Блендираме додека не се добие хомогена смеса. Филот го ставаме врз тестото. Чоколадото со кокосовото масло ги топиме над пареа. Од стопеното чоколадо ставаме врз тартовите. Наросуваме со мелени кикиритки.