Испечати

Сунѓерести мафини (без миксер)

Сунѓерести мафини (без миксер)

Состојки

  • 1 ДЕЛ
  • 240 гр Брашно (просеано)
  • 1 м.л. Сода
  • 1/2 м.л. Пециво
  • 1/2 м.л. Сол
  • 1 и 1/2м.л. Цимет
  • 1/4 м.л. Ѓумбир
  • 1/4 м.л. Морско оревче
  • 2 ДЕЛ
  • 2 Јајца
  • 150-200 гр Шеќер
  • 1 Ванила
  • 120 мл Масло
  • 60 мл Млеко
  • 280 гр Пире од тиква (варена на пареа)
  • ПЛУС -суво грозје, брусница, чоколадни капки...по вкус.

Подготовка

Без миксер, без употреба на многу садови за припрема и без многу состојки ќе добиете 24 превкусни, сочни, меки како сунѓер мафини, кои со својот вкус и мирис ќе ве освојат на првиот залак.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме сите наведени состојки во 1 ДЕЛ. Соединуваме со рачна маталка до хомогенизирање.
2. Во друг длабок сад ги ставаме сите наведени состојки наведени во 2 ДЕЛ, прво ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилата, мешаме со рачна маталка до хомогенизирање, па потоа ги додаваме останатите наведени состојки по редослед како што се напишани (после секое додавање на секоја од состојките, соединуваме со рачната маталка). Сега тука ги додаваме сувите состојки, соединуваме убаво да нема грутчиња со рачната маталка.
3. Во калап за мафини ставаме книжни корпици, па во нив ставаме од смесата (до пола).
4. Печеме во загреана рерна на 210 степени - 5 минути, па намалуваме на 180 степени и допекуваме (проверуваме со чачкалица, јас печев уште 15 минути). Печените мафини нека оладат, па ги дегустираме.

Забелешка - Овие мафини најчесто ги правам без никакви додатоци, но овојпат се одлучив во дел од смесата да додадам суво грозје (за нас), а во дел од смесата чоколадни капки (по желба на децата).
Тиквата која јас ја користев беше блага, па поради тоа ставив 150 гр шеќер (вие одлучете според блажината на тиквата која ќе ја користите), но во секој случај мислам дека е подобра опција да ставите 150 гр шеќер (и доколку не ви се погоди блага тиквата), па потоа дополнително наросете ги одозгора со шеќер во прав.

На здравје!