Испечати

Брза Лисната Погача (со праз)

Брза Лисната Погача (со праз)

Состојки

  • Фил - 4 страка Праз
  • За тестото
  • околу 650 гр Брашно (просеано)
  • 50+250 мл Вода (млака)
  • 1 Сув Квасец
  • 1 м.л. Шеќер
  • 3 г.л. Павлака
  • 40 мл Масло
  • 1 Јајце
  • 2 м.л. Сол
  • Плус - околу 100 гр Путер (на собна температура)
  • За премачкување на погачата - 1 Јајце

Подготовка

Едноставна и брза за припрема, без чекање тестото да стаса. Мека, превкусна погача, која може да си ја направите со фил по ваш избор, во случајов јас се одлучив за праз.

Подготовка

1. Најпрво го подготвуваме празот, кој го пржиме до омекнување (посолуваме и додаваме црн бибер по вкус).
2. Во садот за месење го ставаме брашното, во средината ги ставаме квасецот, шеќерот и млаката вода (50 мл). Чекаме 5-10 минути да надојде квасецот. Потоа ги додаваме јајцето, павлаката, маслото, солта и останатата вода.
3. Замесуваме меко и нелепливо тесто. Тестото веднаш го делиме на 8 исти делови, кои ги формираме во топчиња. Топчињата ги ставаме во намрсен дискус и ги покриваме со стреч фолија да одморат 5 минути.
4. Сега на намрсена работна маса почнувајќи од првото топче, го растегнуваме со рацете во округла форма, и го премачкуваме со путерот. Истата постапка е со останатите топчиња (и ги редиме едно врз друго), освен со последното, кое не го премачкуваме со путер.
5. Наредените корички ги покриваме со стреч фолија да одморат само 5 минути. Потоа на набрашнета работна маса со помош на сукло расукуваме правоаголна кора (јас со димензии 50х40).
6. Врз кората премачкуваме со путер, па рамномерно го нанесуваме празот. Сечеме ленти со ширина од 6-7 цм. Секоја лента ја превиткуваме на пола (во должина) и ја завиткуваме како мал ролат (како полжав). Една по една трака на истиот начин ги редиме во плехот (врз хартија за печење) во круг. Нека стаса погачата 15-10 минути, па ја премачкуваме со јајцето. Печеме во загреана рерна на 200 степени (околу 30 минути).

*Забелешка - Јас користев тавче број 32.

На здравје!