Мармалад од дуњи
Состојки
- 6 кг. дуњи
- 1,8 кг. шеќер
- 2 лимони
Подготовка
Подготовка:
1.Се мијат убаво дуњите, се лупат, се вади средината. Не се фрла сето ова, се налева со околу 4 литри вода и се става да се вари, додека омекнат околу 30 мин..
Потоа ова се пасира, се цеди.
2.Во процедената течност се додаваат дуњите исечкани на коцки и се ставаат да се варат. Се вари со мешање, додека убаво се сварат дуњите, се распаднат, можи и да се испасираат со алатка за пире и мармаладот добие на густина, некаде околу 40 мин..
3.При крајот, после 30 на мин., се додава шеќерот и лимоновиот сок.
4.Се собира жешко во чисто жешки стерилни тегли. Се завиткуваат теглите и така се оставаат комплетно да оладат.
На здравје!
*Забелешка-од лушпите и семките поубаво се згуснува мармаладот, бидејќи тие содржат пектин.
Шеќерот по вкус, јас ставив по 300 гр., а можи и поблаго, да се зголеми по 300-400 гр. шеќер на килограм дуњи.